М-Акустик е специјализирана македонска компанија која поседува големо искуство во областа на градежната акустика, заштитата од бучава и контрола на вибрации, како и многубројни успешно реализирани проекти во регионот. Нашите консултантски услуги се темелат на детална почетна анализа на специфичните барања на клиентите, која вклучува соодветни истражувања, мерења и евалуација на податоци. Понудата вклучува проектирање, моделирање и инженеринг, како и избор на најпогодни материјали за реализирање на проектот, со цел да обезбедиме целосно решение "клуч на рака".
Во соработка со проектните архитекти, инженери, надлежни власти и изведувачи, ние сме во можност да испорачаме резултати кои комбинираат не само акустика и звучна изолација, туку и естетика, ергономија, економска исплатливост и други критични аспекти кои се неопходни за секој проект. Нашиот стручниот тим има капацитет да ги анализира архитектонските и инженерските планови со цел да се постигне оптимизација на акустичните карактеристики, предвидување на посакуваните резултати и предложување на неопходни интервенции за подобрување на дизајнот и изведбата.
Поседуваме најсофистицирана мерна опрема и софтвер за акустички анализи, што ни овозможува прецизно дефинирање на сите параметри поврзани со вашите потреби за оптимизирање на акустиката, заштита од бучава и контрола на вибрации. Нашата методологија е заснована на најновите научни истражувања и индустриски стандарди, што ни овозможува да понудиме иновации и високи стандарди во секој аспект од проектот.
Дозволете нашиот професионален тим да се погрижи за вашите потреби.
Стапете во контакт за бесплатен совет или за подетални информации.