М-Акустик постојано се стреми и инвестира во развој на одржливи, ефикасни и применливи технологии и материјали во својата работа. Ги следи светските трендови и применува стандарди на работа кои на клиентот му испорачуваат врвни услуги и сервиси по потреба.

Со поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој на Македонија и во соработка со градежниот и машинскиот факултет при универзитот Св.Кирил и Методиј од Скопје, развивме иновативни материјали за заштита од бучава и вибрации применливи во градежната, машинската и други индустрии.

Во рамките на проектот Развој и производство на гумено-челични елементи и производи од рециклирана полиуретанска пена беше објавен научен труд Experimental and Numerical Investigation of Sound Absorption Characteristics of Rebonded Polyurethane Foam во еминентниот научен весник MDPI - Applied Sciences.

Исто така инвестираме во нови и подобрени компјутерски програми за пресметковни методи и предвидување од областа на акустиката и бучавата, како и мерна опрема за мониторинг и анализа на сите релевантни индикатори.


Контактирајте не

Дозволете нашиот професионален тим да се погрижи за вашите потреби.
Стапете во контакт за бесплатен совет или за подетални информации.