Квалитетот на акустиката и звучната изолација во објектите е веројатно една од најзапоставените теми во фазите на проектирање и реализацијата. Објективните мерења и искуства на терен укажуваат дека е потребно поголемо внимание и деталност од страна на проектантите во соработка со експерти од областа на просторната акустика и градежната физика.

М-Акустик нуди консултантски и инженерски услуги во следните сегменти:

АРХИТЕКТОНСКА АКУСТИКА

АРХИТЕКТОНСКА АКУСТИКА

Архитектонската акустика, позната и како акустика на затворени простори, ги проучува звучните и психоакустичките параметри кои се определени од типот, намената и внатрешната геометрија на просторот... Види повеќе

ЗВУЧНА ИЗОЛАЦИЈА

ЗВУЧНА ИЗОЛАЦИЈА

Целта на звучната изолација е да ги изолира – отстрани несаканите звуци и бучавата во објектите за домување или секаде онаму каде што бучавата е непожелна, преку намалување на преносот помеѓу две или повеќе средини... Види повеќе

ЗАШТИТА ОД БУЧАВА

ЗАШТИТА ОД БУЧАВА

Контролата и мерењата на бучавата во животната средина генерално се занимаваат со проценка и мерки за ублажување на бучавата во околината која произлегува од автомобилски сообраќај, железници, аеродроми, индустриски објекти, забавни и рекреативни објекти...Види повеќе

КОНТРОЛА И ЗАШТИТА ОД ВИБРАЦИИ

КОНТРОЛА И ЗАШТИТА ОД ВИБРАЦИИ

М-Акустик спроведува анализи, мерења и проценка на вибрациите за димензионирање и изноаѓање на решенија за контрола и изолација на вибрациите, односно ублажување на вибрациите генерирани од механички системи, климатизација, лифтови, машини итн...Види повеќе

МЕРЕЊЕ И ИСПИТУВАЊЕ

МЕРЕЊЕ И ИСПИТУВАЊЕ

М-Акустик за своите потреби поседува комплетна и најсовремена мерна опрема за мерење на акустички индикатори, звучна изолација, бучава и вибрации... Види повеќе


Контактирајте не

Дозволете нашиот професионален тим да се погрижи за вашите потреби.
Стапете во контакт за бесплатен совет или за подетални информации.