Целта на звучната изолација е да ги изолира – отстрани несаканите звуци и бучава во објектите за домување или секаде онаму каде што бучавата е непожелна преку намалување на преносот помеѓу две или повеќе средини. М-Акустик поседува знаење и искуство за да ги проучи и реши проблемите со бучавата за да се исполнат законските или други барања, и да обезбеди повисок степен на акустична удобност во сите видови на објекти.
Специјализирани сме за анализа и решавање на акустички предизвици, при што обезбедуваме усогласеност со релевантните законски регулативи и стандарди. За проекти со зголемена комплексност, ги третираме внатрешните извори на бучава, како што се механички, електрични и водоводни системи, ударна и структурна бучава. Исто така, спроведуваме стратегии за заштита од надворешни извори на звучно загадување.
Применуваме напредни компјутерски методи и моделирања,и вршиме детални симулации за акустичките својства на просторот уште во фазата на проектирање. Овој пристап овозможува не само предвидување на акустичните карактеристики, туку и нивна оптимизација во согласност со локалните и меѓународните градежни стандарди. Со сето тоа, постигнуваме зголемен акустички комфор и функционалност во просториите, без разлика дали станува збор за домување, деловни простори, хотели, ресторани, болници, училишта или индустриски капацитети.
За да се добие ефикасна звучна изолација потребни се прегради со доволен капацитет да ја намалат бучавата преку воздухот и системи за намалување на бучавата и вибрациите преку тврдите структури и елементи. Во рамките на објектите, со звучна изолација може да се третираат:
• Ѕидови,
• Тавани,
• Подови,
• Вододоводни и машински инсталации,
• Уреди за климатизација,
• Врати и прозори итн.
Дозволете нашиот професионален тим да се погрижи за вашите потреби.
Стапете во контакт за бесплатен совет или за подетални информации.