Контролата и мерењето на бучавата во животната средина генерално се занимава со проценка и мерки за ублажување на бучавата во околината која произлегува од автомобилски сообраќај, железници, аеродроми, индустриски објекти, забавни, комерцијални и рекреативни објекти и слично. М-Акустик нуди сеопфатен опсег на студии за контрола на бучавата во животната средина и услуги за мерење на бучава.
Кога условите на дадена локацијата не дозволуваат да се спроведе мерење на лице место, користиме софтвер за моделирање на бучава за да ги предвидиме и оцениме очекуваните нивоа на бучава во околината. Можеме да ја проучуваме емисијата на бучава од индустриска постројка, нова или постоечка шема на патишта или железници, аеродром или дури цели градови и урбанизирани области. Понатаму, користејќи софтвер за симулација на бучава, можеме да ја оптимизираме ефективноста во однос на трошоците поврзани со интервенциите за контрола на бучавата, на пример висината, положбата и техничките спецификации на бариерите или придушувачите за контролирање на бучава.
Некои од нашите услуги и решенијата вклучуваат:
• Дизајнирање и изведба на специфични системи за контрола на бучавата, т.е. звучно изолациски куќишта, звучни пригушувачи, звучни решетки за вентилација, бариери за бучава итн.
• Cоставување на техничките спецификации и асистенција при изведба на проекти во соработка со инженерски тимови за намалување на воздушниот и структурниот шум во согласност со барањата.
• Истражувања поврзани со влијанието на бучавата, препрема на извештаи и техничка документација.
Дозволете нашиот професионален тим да се погрижи за вашите потреби.
Стапете во контакт за бесплатен совет или за подетални информации.