АРХИТЕКТОНСКА АКУСТИКА

Архитектонската акустика, позната и како акустика на затворени простори, ги проучува звучните и психоакустичките параметри кои се определени од типот, намената и внатрешната геометрија на просторот. Овие параметри се клучни за акустичкиот комфор во согласност со функцијата на објектот. Несоодветен пристап кон акустичките карактеристики во фазата на проектирање или изведба може да резултира со нарушена звучна интеракција, намалена разбирливост на говорот и музиката, зголемено ниво на бучава, акустичен замор, деконцентрација и потенцијална иритација.

Со систематска акустичка анализа се определуваат намената на просторијата, нејзиниот облик, волумен, геометрија и материјалите за завршна обработка, со цел да се постигнат оптимални акустички својства. Акустичкиот дизајн може да се примени како во новоградбата, така и при рехабилитација на постојни простори, со посебен акцент на контрола на времето на реверберација, што претставува чест проблем во канцеларии, ресторани и слични средини. Особено во простории со високо рефлективни површини, акустичката анализа овозможува прецизен избор на соодветни материјали и акустички елементи со цел да се минимизира прекумерното одекнување и да се подобри акустичкиот квалитет на просторот.

Анализа на театар Акустика опис

Параметрите за одредување на акустичниот квалитет се применливи во:

 • Kултура (кина, театри, мултинаменски сали, музички студија и сл.)
 • Oбразование (училници, амфитатри и сл.)
 • Mедиуми (радија, телевизии, конференциски сали, кол центри и сл.)
 • Tранспорт (аеродроми, железнички станици и сл.)
 • Комерцијални, спортски, индустриски, верски и друг вид на објекти.

Со примена на најсовремен софтвер за компјутерска обработка, можно е да се анализираат ефектите на различните просторни аранжмани, што овозможува прецизно предвидување на акустичките карактеристики на просторијата пред нејзината изградба.
Покрај времето на реверберација (RT), други значајни акустички параметри се Мерката за јасност на говор (C50) или музика (C80), Дефиниција на јасноста на говорот (D50), Губење на артикулација на согласки (Alcons), Време на рано опаѓање (EDT), Индекс за пренос на говор (STI), директен и вкупен звучен притисок (SPL) итн.

Анализа на театар Акустика опис

Контактирајте не

Дозволете нашиот професионален тим да се погрижи за вашите потреби.
Стапете во контакт за бесплатен совет или за подетални информации.